109 нови случаи позитивни на коронавирусот, од нив 14 се реинфекции

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Министерството за здравство објави дека во последните 24 час регистрирани се 109 нови позитивни лица на коронавирусот, нема починати, а како оздравени се водат 91 пациент.

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје направени се 1.062 тестови, а регистрирани се 109 нови случаи на ковид-19 во Скопје – 77, Битола – 14, Охрид – 6, Прилеп – 3, Штип и Берово – по 2, Куманово, Тетово, Кавадарци, Струга и Виница – по 1.

Од вкупниот број на позитивни (109), регистрирани се 14 реинфекции.

Регистриранo e 91 оздравен пациент од Скопје – 67, Битола – 10, Прилеп – 3, Кавадарци – 2, Охрид, Штип, Куманово, Кочани, Неготино, Свети Николе, Крива Паланка, Делчево и Дебар – по 1.

Во текот на изминатите 24 часа не се пријавени починати лица. Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза ковид-19 од Мој Термин дополнително не се регистрирани починати лица.

Направени се 1.062 тестови преку: ИЈЗ-131, ЦЈЗ Скопје-32, ЦЈЗ Битола-30, ЦЈЗ Прилеп-18, ЦЈЗ Тетово-9, ЦЈЗ Куманово-11, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-13, УК Пулмологија со алергологија–2, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–69, Жан Митрев (Филип Втори)-29, Авицена-32, Биотек-31, Систина-40, лабораторија Лаор-15, Синлаб-2, Ремедика – 9, Плодност-8, Генеа-10, Никоб Лаб-42, ВФВ Медикал-5, Ели МедикаПлус-8, Ројал Медика–6, Спектра-ММ-4, Рапид Лаб–4, Жан Митрев Струмица–2, Нова Лаб Дијагностика–6, Рамус-3, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест)– вкупно 491.

Досега во земјата се направени вкупно 2.051.008 тестирања на ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 311.701, бројот на оздравени пациенти е 301.819, на починати е 9.300, а бројот на активни случаи изнесува 582.

Share This Article