Во текот на вчерашниот ден (16.03.2023) во периодот од 13.00 до 17.00 часот Министерството за внатрешни работи спроведе акциска контрола за санкционирање на возила кои непрописно престигнуваат на територијата на Република Северна Македонија, при што санкционирани се 103 возачи. Од нив, 26 на територијата на СВР Тетово, 25 на територија на СВР Охрид… За време на контролата санкционирани се и 152 други видови на прекршоци.
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.