Мадона синоќа на Инстаграм се огласи по повод семејната трагедија

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Мадона синоќа на Инстаграм се огласи по повод семејната трагедија. Таа му испрати трогателна порака на својот брат Ентони Чиконе, кој почина пред неколку дена.

„Ти благодарам што ме импресионираше како многу млада и ме запозна со Чарли Паркер, Мајлс Дејвис, будизмот, таоизмот, Чарлс Буковски, Ричард Бротиган, Џек Керуак, отвореното размислување, надвор од рамките. Остави длабока трага“, напиша Мадона на инстаграм-приказната на фотографијата на која е со Ентони и пријателите.

 

Ентони Чиконе почина на 66 години, долго се борел со алкохолизмот и живеел како бездомник под мост во Мичиген. Во интервју за „Дејли мејл“ во 2011 година, тој изјави дека во 2005 година неговата сестра платила двомесечен престој во центар за рехабилитација во Хјустон, но дека тоа не е доволно за да се надмине порокот.

За Мадона зборуваше и позитивно и негативно, нагласувајќи дека е горд на неа, но дека го заборавила семејството и дека се што сака од неа е разговор.

Сеќавајќи се како пораснале заедно, понекогаш на својата сестра и упатуваше погрдни зборови, но и пофалби – дека таа е исклучителна пејачка и деловна жена.

Share This Article