More

    10 прашања и биле поставени на мајката на Коста К.

    spot_img

    Сослушана е М.К. (46), мајката на момчето Коста К. (13), кој уби 9 ученици и чувар, а потоа рани уште шестмина, меѓу кои и наставничката во Основното училиште „Владислав Рибникар“. Сослушувањето се одржало вчера во полициската управа во Белград. Мајката беше осомничена за запуштање и злоупотреба на момчето.

    Српските медиуми пренесуваат дека на мајката ѝ биле поставени следниве 10 прашања:

    1.Колку често го гледала синот, односно со кого престојувал повеќе, со неа или со таткото?

    2. Дали знаела дека одел на стрелиште?

    3. Ако да, каков бил нејзиниот став за тоа?

    4. Дали се однесувал чудно?

    5. Дали момчето било злоставувано и запоставено, односно дали нешто му било ускратувано, дали се пожалило на нешто…?

    6. Што последно ѝ кажал пред да го изврши масакрот?

    7. Дали имал некакво трауматско искуство?

    8. Каков однос имал со неа, со татко му, со семејството, со пријателите?

    9. Колку била упатена во неговите интереси и кои биле тие?

    10. Во каков однос била со таткото на Коста?

    Првото основно јавно обвинителство во Белград утврдува дали М.К., мајката на момчето кое го изврши масовното убиство во ОУ „Владислав Рибникар“, сторила кривично дело запуштање и малтретирање малолетно лице.

    Обвинителството во понеделникот испрати барање до Полициската управа за град Белград за прибирање на потребните информации, со наредба да биде сослушана осомничената М.К..

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img