1.500 лица добија помали казни, најмногу во историјата на САД

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Американскиот претседател Џо Бајден одлучи да ги намали казните на околу 1.500 лица кои беа ослободени од затвор и се во домашен притвор за време на пандемијата на коронавирусот како и да помилува 39 Американци осудени за ненасилни злосторства. Тоа е најголемиот број на намалени казни и помилувања во еден ден во модерната американска историја, јавија американските медиуми.

„Се намалуваат казните за лицата кои најмалку една година биле во домашен притвор откако излегле од затвор. За време на пандемијата, вирусот брзо се ширеше во затворите, а некои затвореници беа пуштени во домашен притвор, делумно за да се спречи ширењето на инфекцијата. Во еден момент, секој петти затвореник имал ковид-19“, наведуваат американски медиуми.

Бајден најави дека ќе преземе повеќе чекори во наредните недели и ќе продолжи да ги разгледува барањата за намалување на казните и за помилување.

Претходно, поранешниот претседател Барак Обама го држеше рекордот по бројот на ублажување на казна и помилување во еден ден – 330. Како и Бајден, тој ја донесе одлуката непосредно пред да ја напушти функцијата во 2017 година.

Share This Article