Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 3 дена (од 06.08 до 08.08.2022):
Направен е 3.561 тест, а регистрирани се 1.233 нови случаи на КОВИД-19: Скопје – 516, Битола – 97, Кавадарци – 72, Гостивар – 55, Прилеп – 54, Охрид -53, Куманово – 47, Тетово – 45, Велес – 40, Струга – 28, Струмица – 27, Неготино – 26, Кичево – 24, Кочани – 20, Штип – 18, Гевгелија – 17, Радовиш -15, Ресен -13, Дебар – 11, Кратово – 8, Свети Николе, Берово и Валандово – по 7, Демир Хисар – 6, Крушево – 5, Делчево и Виница – по 4, Богданци и Демир Капија – по 2, Крива Паланка, Македонски Брод и Македонска Каменица – по 1.
Од вкупниот број на позитивни (1.233), регистрирани се 284 реинфекции.
Регистрирани сe 1.450 оздравени пациенти од: Скопје – 651, Куманово – 120, Битола – 86, Кавадраци – 85, Охрид – 71, Прилеп – 51, Гостивар – 38, Тетово – 34, Струга – 33, Велес – 32, Струмица – 31, Штип и Неготино – по 28, Кичево – 24, Дебар – 19, Гевгелија – 18, Крива Паланка – 17, Ресен – 14, Кочани и Радовиш – по 13, Кратово – 9, Валандово и Виница – по 6, Берово и Крушево – по 5, Свети Николе – 4, Демир Хисар и Македонски Брод – по 3, Богданци – 2, Делчево – 1.
Во текот на изминатите 3 дена (06.08 – 08.08.2022) пријавени се 7 починати лица, од: Скопје – четири починати лица (91г, 87г, 82г и 77г) и по едно починато лице од Кочани (92г.), Битола (67г.) и Прилеп (83г.). Сите лица се починати во болнички услови. Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин се регистрирани 3 починати лица и тоа од Демир Хисар (76г), Велес (72г) и Струга (54г), две лица се починати во домашни услови, е едно лице е починато во болнички услови. Лицата се пријавени за починати во период од 17.07 до 28.07.2022 година.
Направен е 3.561 тест преку: ИЈЗ-232, ЦЈЗ Скопје-116, ЦЈЗ Битола-102, ЦЈЗ Прилеп-30, ЦЈЗ Тетово-47, ЦЈЗ Куманово-52, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија–0, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–140, Жан Митрев (Филип Втори)-25, Авицена-81, Биотек-106, Систина-69, лабораторија Лаор-16, Синлаб-9, Ремедика-9, Плодност-22, Генеа-10, Никоб Лаб-134, ВФВ Медикал-7, Ели Медика Плус-19, Ројал Медика–0, Спектра-ММ-20, Рапид Лаб–11, Жан Митрев Струмица–7, Нова Лаб Дијагностика–2, Рамус-21, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 2.274
Досега во земјата се направени вкупно 2.128.711 тестирање на КОВИД-19.Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 331.988, бројот на оздравени пациенти е 318.599, на починати е 9.398, а бројот на активни случаи изнесува 3.991