Руските сили се заглавени во место?

By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Олексиј Арестович, советник на украинскиот претседател денеска изјави дека преземањето контрола врз Киев сè уште е очигледно приоритет за Русија, но обидот да се направи тоа би било „самоубиство“ за Москва.

Тој додаде дека конфликтот може да заврши за две до три недели, пренесува Скај Њуз.

Русија допрва треба да се пробие во главниот град на Украина, и покрај силното бомбардирање забележано во и околу градот од почетокот на инвазијата пред речиси четири недели.

Претходно, британското разузнавање соопшти дека руските сили „издржале уште еден ден со ограничен напредок, при што повеќето сили во голема мера се заглавени во место“.

Украина тврди Москва досега претрпела големи загуби, со наводно убиени околу 15.000 војници и стотици тенкови уништени.

Скај Њуз потсетува дека Русија неколку пати беше принудена да го паузира напредокот во Украина додека, чекаше на залихи и засилувања.

Share This Article
Exit mobile version