Лурдес Леон, ќерката на пејачката Мадона, со својот изглед привлече големо внимание на модната недела во Париз.
27-годишната девојка на ревијата на брендот Ив Сен Лоран дојде во чипкаст комбинезон кој на делови беше проѕирен, па сите можеа да и ги видат брадавиците на нејзините гради. Прозирниот црн комбинезон Лурдес го искомбинира со црн капут и очила за сонце.
Лурдес со ова издание потсети на модната комбинација на нејзината мајка која ја носеше на Мет Гала во 2016 година. Мадона тогаш се појави во чипкаст комбинезон кој ги откриваше нејзините гради и задникот.