ЗАКУПУВАЧИТЕ НА ИМОТ ДА ГИ ПРИЈАВАТ ПРИХОДИТЕ

By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Управата за јавни приходи ги информира физичките лица кои издаваат недвижни имоти (станови, вили, викендички, апартмани или соби) за краток престој (не подолг од 31 ден во месецот), особено за време на претстојните празници, дека имаат обврска преку системот „е-Даночни услуги “, да го пријават доходот остварен од издавање на имотот.

Оваа обврска се однесува и на издавање преку платформи како AirBnb, Booking.com, Facebook, Кајак и други.

Како што се наведува во соопштението, основа за пресметување на данокот претставува бруто доходот што  се остварува намален за износот на следниве нормирани трошоци: 10% од износот на доходот (за неопремен простор) и 15% од износот на доходот (за опремен простор).

Пријавувањето на доход од издавање на недвижен имот се врши задолжително до 10-ти во месецот кој следи по месецот на издавање. Пријавата заедно со соодветни докази се поднесува електронски (е-ППД)  преку системот „е-Даночни услуги”.

– Бидете одговорни даночни обврзници, навремено и точно пријавете данок и исполнете ги вашите даночни обврски. Не заборавајте дека пријавувањето на доходот е законска обврска и ќе ви помогне да избегнете стрес и санкции – велат од УЈП.

Share This Article
Exit mobile version