Регулаторната комисија за енергетика ја врати трговската маржа за горивата на ниво од пред енергетската криза во износ од 4,50 денари по литар

By Lorita 3 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Регулаторната комисија за енергетика ја врати трговската маржа за горивата на ниво од пред енергетската криза во износ од 4,50 денари по литар. Тоа е корекција од 0,50 денари која ќе ја добиваат трговците со нафтени деривати за секој литар гориво. Последниот износ на маржата беше 4 денари по литар. Овој износ на маржа ќе се применува од 30 октомври.

Од Регулаторната комисија велат дека оваа промена на трговската маржа нема да влијае на крајната цена на нафтените деривати.

– РКЕ смета дека овие промени нема да влијаат врз крајната цена на нафтените деривати со што цените ќе остане стабилна и најниска во регионот – велат од Регулаторна.

Според регулаторите, овој износ на трговската маржа ќе им обезбеди на нафтените компании доволно висока основна цена на нафтените деривати (цена без давачките кон државата) за покривање на трошоците во нивното работење, и остварување позитивни финансиски резултати.

– РКЕ во сите одлуки без оглед за кој енергенс се работи се води од интересот на потрошувачите што подразбира сведување на трошоците на компаниите на ниво што ќе обезбеди квалитетна услуга по фер цена – велат од Комисијата.

Од Регулаторна комисија додаваат дека за 12% е намален трошокот на нафтените компании кој се зема предвид при формирање на цените.

– РКЕ за 12% ги намалува транспортните трошоци на нафтените компании (од 25 $/тон на 22 $/тон) согласно направените анализи од податоците од Царинската управа кои укажуваа дека овој надоместок во последните шест месеци е намален – појаснуваат од Комисијата.

Транспортните трошоци се дел од трошоците што ги имаат нафтените компании и се користат при утврдување на највисоката малопродажни цени на одделни нафтени деривати која ја утврдува Регулаторната комисија за енергетика на секои 6 месеци.

Со одлуката се определува: ескалираната и деескалираната густина на секој нафтен дериват и гориво за транспорт, висина на надоместокот за премија, транспортните трошоци до склад во земјава и висината на надоместокот за трошоци за работење преку склад и трговска маржа со вклучени транспортни трошоци од склад до бензински станици и крајни потрошувачи.

- Advertisement -

Лани во екот на големото поскапување на горивата РКЕ го промени Правилникот за формирање цени со што трговската маржа за горивата беше намалена за 33%, и наместо 4,5 денари, изнесуваше 3 денари по литар.

Мерката беше донесена како привремена. Висината на маржата беше променета еднаш од тогаш и досега изнесуваше 4 денари по литар гориво.

Share This Article
Exit mobile version