На 13 јули 2024 година, успешно заврши четвртото издание на Охрид кампот за високотехнолошка извонредност, кој ќе се одржи од 7 до 13 јули 2024 година

By Lorita 4 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

На 13 јули 2024 година, успешно заврши четвртото издание на Охрид кампот за високотехнолошка извонредност, кој ќе се одржи од 7 до 13 јули 2024 година.

Кампот за високо-технолошка извонредност беше еднонеделна програма за унапредување на вештини по роботика, програмирање и кодирање, кој е комбинација на традиционална летна забава со можност за учење, заедничко вежбање и споделување на искуства за кодирање и роботика. Преку посветеност и натпревар на идеи, фокус на решавање проблеми, чувство на акција, размислување out-of-the-box и соработка (работа во парови/групи), ги охрабрувавме и поттикнувавме учесниците да постигнат мотивирачки резултати и да креираат модели согласно шеми. Учесниците беа изложени на напредни технологии и современи методи, кои ги подготвуваа за идните предизвици во високотехнолошкиот свет, да го подобрат на дигиталното владеење на преку унапредување на нивните вештини за кодирање, програмирање и роботика (вештини за висока технологија) и во крајна линија да придонесеме кон поттикнување на нивниот интерес за продлабочување на СТЕМ образованието и развој на кариера во оваа област.

Од друга страна, специфичноста на овој проект е дадената можност да се запознаат и соберат млади луѓе од 11-15 години со македонско потекло и млади од нашата земја, да воспостават долготрајни пријателства и да ја зајакнат и да ја градат својата родна македонска култура, но и чувството за одговорност и враќањето кон заедница. Преку подобрување на нивното познавање на јазикот, истражување на природата и културното наследство и доживување на македонската кујна и специјалитети, учесниците добија уникатно искуство кое ќе го паметат целиот живот. Особено бевме среќни што изминативе години успеавме да имаме учесници од САД, Канада, Словенија, Хрватска, Германија, Катар, Австрија, Данска, Кипар и други земји. Оваа година, бевме домаќини на 21 дете од Македонија и од дијаспората, вклучувајќи учесници од САД, Катар, Италија, Хрватска, Шведска и Малта.

Kампот, како и изминатите три години, е под покровителство на Претседателот на државата. Оваа година имавме задоволство по прв пат да бидеме домаќини на Претседателката Силјановска Давкова и да ѝ ги претставиме изработените модели.  При посетата таа на нашите учесници им порача

„Со стекнатите искуства и знаења, вие сте најмладите амбасадори и промотори на Македонија. Ви посакувам секогаш да размислувате позитивно, да продолжите да се надградувате и да се изградите во лидери со самодоверба, но и самокритичност, кои ќе создаваат подобра иднина со употреба на технологијата“.

Самото доделување на сертификатите за учество на Кампот од страна на претседателката веруваме дека е дополнителен мотив и поттик за нашите млади иноватори нагласувајќи го значењето на млади таленти и негувањето на културата на иновациите во Македонија.

Огромна благодарност на нашите повеќегодишни поддржувачи и партнери: национална установа „Охридско лето„, Алкалоид, Триглав АД Осигурување, Костал Македдонија, ВФП инвестициски фонд, ⋮IWConnect, ИтЛабс, МакПрогрес (Винчини), Фруктал МК и индивидуалци од земјава и дијаспората кои ја поддржуваат нашата мисија. Од друга страна, кампот не би бил целосен без нашите сертифицирани програмски партнери, и тоа: Young Engineers (the Robotic & Innovative Academy) и МАСИТ – Стопанска комора за информатички и комуникациски технологии (Brainster и iSourse). Само заедно, можеме да направиме значително влијание во зајакнувањето на вештините на младите таленти од социјално ранливи средини, поттикнувањето на иновациите и обликувањето на посветла иднина за Македонија.

- Advertisement -

Повеќе за програмата и споделените искуства на учесници од изминативе години може да најдете на следниот линк: https://www.macedonia2025.com/ohrid-hi-tech-excellence-camp/

Завршувањето на четвртиот Oхрид Камп за високотехнолошка извонредност ни донесе огромна радост и гордост. Продолжуваме со посветеност кон развивање на идните генерации и нивните вештини, и со нетрпение го очекуваме следниот камп.

Share This Article
Exit mobile version