Компанијата Кока – Кола ХБЦ соопшти дека претрпела еднократен финансиски удар од 190 милиони евра во првата половина годинава

By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Компанијата Кока – Кола ХБЦ соопшти дека претрпела еднократен финансиски удар од 190 милиони евра во првата половина годинава, поради трошоци поврзани со работа во Русија, каде ја запре продажбата на пијалакот по нападот на Москва врз Украина.

Кока – Кола ХБЦ ја ажурираше својата прогноза за деловни резултати, па сега очекува споредлива оперативна добивка во 2022 меѓу 740 и 820 милиони евра, поради намаленото присуство во Русија и проблемите со инфлацијата. Тоа претставува помалку од 831 милион евра, колку што пријави во 2021 година.

Компанијата за флаширање безалкохолни пијалаци, што Русија некогаш ја сметаше за еден од своите најголеми пазари, очекува да претрпи финансиски трошок од околу 82 милиони евра и во втората половина на годината, затоа што исцрпени се сите нејзини резерви во Русија, каде веќе нема да произведува или продава кока – кола или други компаниски брендови.

ХБЦ, што котира на лондонска берза, информираше и за пад на нето добивката од 34 проценти на околу 153 милиони евра за време од шест месеци, заклучно со 1 јули, поради зголемени трошоци и влијание на високата инфлација.

ХБЦ е една од бројните фабрики за флаширање на компанијата Кока – Кола, одговорна за локални франшизи за флаширање и продажба на пијалаци произведени од познатиот американски производител.

Компанијата Кока – Кола има над 20 отсто сопственички удел во ХБЦ.

Share This Article
Exit mobile version