Веќе трет ден беснее пожар во планината Стогово над дебарското село Гари

By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Веќе трет ден беснее пожар во планината Стогово над дебарското село Гари.

Според Џетан Мифтароски, командир на дебарската територијална противпожарна единица, засега интервенираат заедно со вработените на подружницата „Стогово“ на ЈП Национални шуми.

– Станува збор за планински, недостапен терен. Гореше сува трева и ситно стеблеста шума, но денеска е проширен и зафатена е високостеблеста шума. Засега нема опасност за селото, но единствен спас е интервенција од воздух, која ја побаравме уште вчера – рече Мифтароски за МИА.

Тој додава дека се јавиле и доброволци од ова и од соседните села, но поради ризикот што доаѓа од пламените јазици, нивната необученост и немање соодветна опрема, не им е дозволено да помогнат.

– До сега станува збор за околу 60 хектари опожарена површина, но ако итно не се интервенира од воздух состојбата може многу да се влоши и пожарот да се прошири – предупредува Мифтароски.

Фото: МИА

Share This Article
Exit mobile version