More

    САД велат дека не размислуваат за испраќање Ф-16 во Украина

    spot_img

    Американскиот советник за национална безбедност Џејк Саливан изјави дека засега не се разгледува можноста за испраќање авиони Ф-16 во Украина, бидејќи, како што изјави во петокот претседателот Џо Бајден, во овој момент не им се потребни.

    „Многу внимателно проучуваме што и треба на Украина во оваа фаза од војната. Сега им требаат тенкови, борбени возила на пешадија, оклопни транспортери, артилериски и ракетни одбранбени системи, но не и напредни авиони што ги бараа“, изјави Саливен за Си-Ен-Ен, пренесува Политико.

    Затоа претседателот Бајден рече дека засега нема да се разгледува, додаде Саливан.

    На прашањето на водителот дали тоа значи дека САД ја исклучуваат можноста во секое време да испратат авиони Ф-16, Саливан ги повтори зборовите на Бајден.

    „Претседателот беше многу јасен кога рече дека засега ја исклучува таа можност, а тоа е ставот на администрацијата“, изјави Саливан.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img