Поради дефекти во електродистрибутивната мрежа без електрична енергија се делови од Куманово, Битола и скопската општина Ѓорче Петров

By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Поради дефекти во електродистрибутивната мрежа без електрична енергија се делови од Куманово, Битола и скопската општина Ѓорче Петров.

Центарот за управување со кризи повикувајќи се на информации од ЕВН Македонија информира дека без струја се дел од централното градско подрачје во Битола и Домот на култура, како и Долно Оризари и Карамани, додека во скопската општина Ѓорче Петров без струја се дел од Новоселски пат, дел од Волково, Орман и Никиштани.

Во општина Куманово без струја утринава се Деловце, Длабочица, Драгоманце, Жеглане, Малотино, Осиче, Арбанашко, Кокино и Буковјане. 

Share This Article
Exit mobile version