Пензионерите бараат најниската пензија да биде најмалку 20.000 денари

By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Пензионери го блокираа денеска излезот на Неготино откај Гевгелија, бараат пензионерски права, најниската пензија да биде најмалку 20.000 денари, линеарното покачување да е по пет илјади денари за секој пензионер.

– Мораме да издржиме и да стоиме на нашите одлуки. Не смееме да се откажеме – нагласи пензионерката Ката Апостолова.
Пензионерот Методи Петров, претседател на Иницијативниот одбор за барање на поголеми права за пензионерите, повика на поголема масовност, за коригирање на неправдата што им е направена на пензионерите.

На местото на настанот сообраќајот го регулираат припадници на полицијата. Се пропуштаат итните случаи.

Возилата што транзитираат во овој дел кај спортската сала, се пренасочуваат по алтернативни улици. На тие што не им се чека до 10 часот, додека трае блокадата, за Скопје и Гевгелија одат преку Кавадарци.

Share This Article
Exit mobile version