Османи е на украинската граница

By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Министерот за надворешни работи Бујар Османи, како дел од тројката претседавачи со ОБСЕ, заедно со неговите колеги од Полска, Збигњев Рау и од Шведска, Ан Линде, денеска на полско-украинската граница остварија средба со нивниот колега од Украина, Дмитро Кулеба.

 

На средбата со Кулеба, беа дискутирани потребите на украинската страна за одбрана на својата земја, и помошта што меѓународната заедница треба да ја обезбеди на Украина за справување со последиците од војната.

– Треба да направиме повеќе, не само за справување со последиците, туку и да го запреме ова лудило. Херојскиот отпор на украинскиот народ е за највисоко восхитување: додека ја бранат својата татковина, тие ги бранат и нашите заеднички вредности, нашите принципи, нашиот начин на живот и наша должност е да им помогнеме на секој можен начин – истакна Османи на прес-конференцијата по средбата со Кулеба.

Како што соопшти МНР, министрите го посетија и прифатниот центар за бегалци Млини во близина на граничниот премин Корчова, на полско-украинската граница. Како резултат на руската воена агресија, милиони граѓани на Украина беа принудени да ги напуштат своите домови и да бараат засолниште пред се во соседните земји.

– Сликите од кампови и бранови на беглаци се длабоко вознемирувачки, особено за нашиот регион каде се уште се свежи сеќавањата од војните во 90-тите година, нагласи Османи.

Министрите уште еднаш ја осудија  -еоправданата и неиспровоцираната руска воена инвазија врз една независна држава, спротивно на меѓународното право и основните документи на ОБСЕ. Воедно, укажаа и на неопходноста од почитување на меѓународното хуманитарно право и фундаменталните човекови права од страна на Руската Федерација.

Посетата на тројцата министри е дополнително уверување дека Украина ќе биде во фокусот на делувањето на ОБСЕ, и во таа насока ќе се искористат сите механизми на Организацијата за постигнување на мир, безбедност и трајна стабилност во земјата но и во целиот ОБСЕ регион, стои во соопштението на МНР. 

- Advertisement -
Share This Article
Exit mobile version