Бабунски вели дека против Грузија и Бугарија треба што побрзо да постигнеме голови

By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Македонската фудбалска репрезентација ги започна подготовките за натпреварите против Грузија и Бугарија од групата 3 во Лигата на нации.

Репрезентативецот Дориан Бабунски смета дека сите фудбалери кои се наоѓаат во тимот треба да го покажат својот квалитет, иако селекторот Благоја Милевски се соочува со многу откажувања на важни фудбалери поради повреда.

– Против Грузија во Скопје почнавме во одлично темпо, но тоа треба да го играме до крај, 90 минути. Неколку важни фудбалери ни недостасуваат, но мислам дека сите што сме тука ќе покажеме квалитет. Ако продолжиме како што знаеме ќе извлечеме позитивни резултати. Да се обидеме да постигнеме гол што побргу.

Средбата со Грузија ќе се игра во Тбилиси на 23 септември, три дена подоцна во Скопје на гости доаѓа Бугарија.
Истовремено, Фудбалската федерација на Македонија го потврди пријателскиот натпревар меѓу сениорската репрезентација и Финска.

Контролната пресметка меѓу двете селекции е закажана за 17 ноември на Националната арена „Тодор Проески” во Скопје.

Последниот пријателски натпревар против Финска, Македонците го одиграа во март 2018 година, во турски Белек, мечот заврши без голови, 0:0.

Во октомври, „црвено-жолтите” веќе имаат договорено пријателскиот натпревар против Саудиска Арабија.

 

Share This Article
Exit mobile version