Ахмети им честита датум на граѓаните

By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Претседателот на Демократската унија за интеграција, Али Ахмети, по повод одржувањето на првата меѓувладина конференција на земјата со Европската Унија во Брисел им честиташе на сите граѓани за овој важен момент кој значи деблокирање на евроинтегративниот процес.

Во продолжение неговата целосна објава:

„Започнуваме ново поглавје. Секогаш сме докажале дека заедно можеме да го надминеме секој предизвик. Европа е нашиот дом и немавме друг избор и покрај препреките низ кои поминавме. Во овие 20 години покажавме дека знаеме да водиме и насочуваме големи процеси за доброто на сите граѓани со голема поддршка од нашите меѓународни сојузници, особено од Брисел и Вашингтон. Со храбри и мудри одлуки решивме предизвици кои за некои изгледаа како невозможна мисија и затворивме отворени билатерални прашања. Притоа, во ниту еден случај не отстапивме од европскиот курс, од реформите и изградбата на добрососедските односи и регионалната соработка. Остануваме посветени на спроведувањето на реформските процеси и постигнатите договори. Патувањето секако не беше лесно, но не беше и невозможно бидејќи нашата ориентација кон големото европско семејство беше јасна. Ја користам оваа прилика да им честитам на сите наши граѓани за почетокот на преговорите за членство во Европската Унија, со што ќе ви обезбедиме јасна перспектива, безбедност во земјата и регионот како и пошироко, а со една единствена цел за поголема благосостојба за идните генерации. Продолжуваме напред со целосна храброст, одлучност и максимална посветеност“, порача Ахмети.

Share This Article
Exit mobile version