Во прекин е линијата Скопје-Табановце

By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Во прекин е возот на линијата Скопје-Табановце од 23 јули поради недостиг на машиновозачи, соопшти ЖРСМ Транспорт АД-Скопје.

– Линијата Скопје-Табановце е во прекин од 23.06.2022 година поради недостиг на машиновозачи. Правиме напори линијата Скопје-Табановце-Скопје да се нормализира во август 2022 година – велат од ЖРСМ Транспорт АД – Скопје.

Кумановци и жителите на селата кои патуваат за Скопје укажуваат дека имаат месечни билети за возот и дека ќе бараат поврат на средствата. Тие бараат побрзо да се реши проблемот, бидејќи цената на дневниот билет и повратна карта со воз е поевтина од превозот со автобус.

Share This Article
Exit mobile version