Трошоците што земјава треба да ги плати за провизија за правни услуги за да го земе заемот од Унгарија од половина милијарда евра е нормална процедура и е 10 пати помалку од она што сме го плаќале досега за заеми

By Lorita 3 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Трошоците што земјава треба да ги плати за провизија за правни услуги за да го земе заемот од Унгарија од половина милијарда евра е нормална процедура и е 10 пати помалку од она што сме го плаќале досега за заеми, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски по објавите дека треба да се плаќа провизија за правни услуги на независна фирма, избрана од страна на Унгарската експорт-импорт банка.

– Трошоците изнесуваат 70.000 евра, тоа е нормална процедура и тоа е 10 пати помалку од тоа што сме го плаќале претходно за заеми. Од овие половина милијарда што ќе бидат земени како заем, овие 70.000 евра се трошоците и тоа е нешто повеќе од 0,1 процент – изјави Мицкоски, одговарајќи на новинарски прашања по прес-конференцијата во Владата.

Во Предлог законот, кој е во собраниска процедура и се носи по скратена постапка, е наведено дека Република Северна Македонија ќе ѝ плати провизија за извршени правни услуги на независна фирма избрана од страна на Унгарската експорт – импорт банка и дека провизијата треба да се плати пред повлекување на траншата.

Според премиерот, сето она што е кажано за заемот и условите под кои ќе се земе, е содржано во законското решение.

– Од законот можете да видите дека сето тоа што го кажавме е содржано во законот – 3,25 проценти каматна стапка, три години грејс период, 12 години рок на отплата. Развоен закон – половина ќе оди кај бизнисот, половина за проекти за општините, така што тоа што го ветивме, тоа и го исполнуваме – рече Мицкоски.

Во однос на еврообврзницата земена во 2017 година која доспева за плаќање во јануари 2025 година, тој рече дека доколку каматните стапки во моментот се повисоки од 3,25 проценти, ќе мора да бидат повлечени половина милијарда за да се врати овој долг.

– Нашите анализи се дека ако излеземе на меѓународниот пазар за да ја вратиме оваа еврообврзница од 500 милиони евра, каматната стапка што може да ја добиеме е меѓу 5,5 и 6,5 проценти. Најверојатно ако овој тренд продолжи и понатаму бидејќи гледам дека Европската централна банка планира за 0,25 проценти да ги намали каматните стапки и ако тоа влијае позитивно, ќе излеземе на меѓународниот пазар и ќе се обидеме да обезбедиме пониска каматна стапка, но доколку таа е повисока од 3,25 проценти, тогаш ќе ги повлечеме и другите половина милијарда за да го вратиме овој долг – посочи Мицкоски на прес-конференцијата во Владата.

Share This Article
Exit mobile version