Актерката секси и гламурозна на црвениот тепих

By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Анџелина Џоли се појави на премиерата на нејзиниот филм „Без крв“ (Without Blood) на Филмскиот фестивал во Торонто.

Холивудската актерка Анџелина Џоли позираше пред публиката на премиерата на филмот на фестивалот во Торонто. Актерката ги воодушеви сите со своето модно издание и покажа дека црната боја воопшто не е здодевна, напротив е мошне гламурозна.

Анџелина се појави заедно со синот Пакс кој неодамна имаше сообраќајна несреќа.

Сепак, и покрај тоа што Торонто собра многу други познати личности, Џоли успеа да го украде шоуто кога е во прашање модното издание.

Славната актерка одбрала долг црн фустан кој ја следи линијата на телото и има крој на сирена, додека наборите на креацијата визуелно додаваат облини.

Оваа „едноставна“ комбинација, за која можеби не би добила пофалби од познатата уредничка на „Вог“, Ана Винтур, Анџелина Џоли ја комплетираше со дијамантски обетки и елегантни црни ракавици.

Да ​​потсетиме, Ана Винтур еднаш откри неколку златни правила кога е модата во прашање и, според нејзините зборови – „Носете сè, само да не е во црна боја, бидејќи изгледа премногу мрачно“.

- Advertisement -
Share This Article
Exit mobile version