Трговскиот дефицит надмина 2 милијарди евра

By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Вкупната вредност на извозот на стоки во периодот јануари – септември 2023 година, изнесува 6, 240 милијарди евра и бележи пораст од 1,4% во однос на истиот период од претходната година. Вредноста на увeзената стока, пак, во истиот период, изнесува 8, 246 милијарди евра, што е за 8,4% помалку во споредба со истиот период лани. Трговскиот дефицит, во периодот јануари – септември 2023 година, е 2, 005 милијарди евра, соопшти Државниот завод за статистика.

Според податоците покриеноста на увозот со извоз, во периодот јануари – септември 2023 година, изнесува 75,7 %.

Трговската размена по производи покажува дека во извозот најголемо е учеството на катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, сетовите на проводници за палење и слично, за возила, авиони или бродови, електричната енергија и плоснатоваланите производи од железо или нелегиран челик, неплатинирани или необложени.

Во увозот најмногу се застапени нафтените масла и маслата добиени од битуменозни минерали (освен сурови), другите метали од платинската група и нивни легури, необработени или во облик на прав, платината и легурите на платина, необработени или во прав и благородни метали во колоидна состојба; соединенија, органски или неоргански, од благородни метали, хемиски дефинирани или недефинирани; амалгами од благородни метали.

Во периодот јануари – септември 2023 година, според вкупниот обем на надворешнотрговската размена, земјава најмногу тргувала со Германија, Велика Британија, Грција, Кина и Србија.

Share This Article
Exit mobile version