Со особена чест и задоволство, на нашите матуранти им посакувам среќно матурирање и влегување во светот на возрасните.
Матуранти Ви посакувам да бидете здрави и живи, успешно да се справувате со препреките кои ќе ви стојат на патот како и успешно справување со предизвиците на новото време.
Бидете силни и упорни во тоа што сакате да го постигнете па резултатите ќе дојдат сами по себе.
Следете го патот на знаењето кој ќе ви обезбеди полесен и подобар живот, а јас Ви посакувам многу среќа , успех на личен и професионален план.
Матуранти честита и среќна матура., истакна градоначалникот на Општина Ресен, Јован Тозиевски.