Силни експлозии – Харков е ракетиран, има мртви

By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Генералштабот на украинската армија соопшти дека руските војници се обидуваат да ги задржат привремено освоените територии и дека единиците на одбранбените сили на Украина одбиле напади надвор од неколку населени места, пренесува Укринформ, повикувајќи се на утринското соопштение на военото раководство.
Две силни експлозии одекнаа во текот на ноќта во централните делови на Харков, кои беа гранатирани од руските сили, пренесува Укринформ, повикувајќи се на градоначалникот Игор Терехов.

Тој на Телеграм изјави дека е погоден еден индустриски и еден инфраструктурен објект.

Шефот на регионалната воена управа во Харков, Олег Синегубов, објави дека една жена е убиена во ракетниот напад врз Харков од страна на руските сили.

На 3 октомври руската армија гранатираше медицинска установа во Купијанск, во областа Харков, кога загинаа лекар и медицинска сестра, пишува Укринформ.

Share This Article
Exit mobile version