Серијата во развој на авторите Андреј Волкашин и Петар Влчев „Авантурите на една турбофолк принцеза“ ја освои престижната награда на Хрватскиот аудиовизуелен центар

By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Најновиот проект на ОХО продукција, серијата во развој на авторите Андреј Волкашин и Петар Влчев „Авантурите на една турбофолк принцеза“ ја освои престижната награда на Хрватскиот аудиовизуелен центар, што се доделува во рамките на CineLink индустриски денови на Сараево филм фестивал.

Серијата го следи патот на шармантната и несмасна девојка Васка во остварување на нејзиниот сон да биде балканска музичка ѕвезда, потпомогната од нејзината избувлива менаџерка Ебони.

Овој телевизиски проект, кој се развива во изминативе 2 години, годинава веќе имаше едно успешно претставување на интернационален филмски форум во Будимпешта, каде го привлече вниманието на продуценти и селектори на програми од Централна и Источна Европа.

-Ова е серија на која работиме веќе подолго време и затоа сме многу горди што бевме наградени помеѓу најдобрите проекти во развој од Југоисточна Европа – вели продуцентот Пеце Талески.

CineLink Drama е специјално дизајнирана програма во склоп на CineLink Industry Days со цел да ја помогне регионалната телевизиска индустрија преку презентација на квалитетни проекти во развој, но и здружување на професионалци од различни области, како што се сценарио, продукција, режија и емитување.

Наградата беше врачена на продуцентите Пеце Талески и Илија Тирицовски од ОХО продукција во вредност од 15.000 евра, додека вкупниот буџет за реализација на овој проект изнесува 950.000 евра за првата сезона која содржи 8 епизоди по 30 минути.

Share This Article
Exit mobile version