Русија и порача на Америка: Стоп за непријателските летови

By Saso 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Еден ден по инцидентот над Црното Море, Русија ги повика САД да ги прекинат „непријателските летови“, пренесува АФП.

Американски воен дрон MQ-9 се урна во вторникот во Црното Море откако руски авион Су-27 го погоди неговиот пропелер, соопшти Пентагон, што е прв ваков инцидент по руската инвазија на Украина пред повеќе од една година.

Русија негираше дека бил остварен каков било контакт и вели дека дронот се урнал по „остри маневрирање“.

Пентагон тврдеше дека станува збор за „рутински лет“, а Русија го нарече инцидентот „провокација“.

Share This Article
Exit mobile version