РАБОТИЛНИЦА ЗА ЛИДЕРСКА ГРУПА ЗА РОДОВА ЕДНАКВОСТ

By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
Од 12-ти до 14-ти септември 2024 година, во хотел Бистра, Маврово,  се одржa  работилница за лидерска група за родова еднаквост, организирана од здружение ХЕРА – Асоцијација за здравствена едукација и истражување, со поддршка од Британската амбасада во Скопје.
На работилницата успешно се остварени целите во насока на унапредување на знаењата и вештините на учесниците за концептите на род, родова еднаквост и социјална инклузија, како и за засилување на  интеграцијата на родовата перспектива во процесите на креирање на политики засновани на  на докази.
Теоретските знаења на учесниците со основите на родовиот концепт, родова еднаквост и ранливите групи, ги пренесоа Игор Јадровски, претседател на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација, заедно со Неда Чаловска, експертка за родови прашања.
На работилницата беа презентирани состојбите со родовата еднаквост во Северна Македонија, а се дискутираше за начини за подобрување на политиките, како и спроведување на процесите за процена на влијанието на регулативата , во партнерство со претставници на владата односно од Министерството за јавна администрација.
Учесниците исто така се запознаа со основните столбови на методологијата РЕСИ -,Родова еднаквост и социјална инклузија,  а предавањата ги организираше ХЕРА. Преку примената на РЕСИ се очекува да се обезбеди мерките во политиките да се родово сензитивни и да промовираат социјална вклучееност
Овој настан е дел од проектот „Заедно за родова еднаквост: Градење поддршка за родово инклузивни политики“, чија цел е да ја зајакне поддршката за родово инклузивни политики во земјата.
Share This Article
Exit mobile version