Историска средба на директорот на БЈБ Сашо Тасевски со полицискиот генерал-полковник Константинос Скумас во Атина

By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Делегација од Бирото за јавна безбедност (БЈБ) предводена од директорот м-р Сашо Тасевски оствари работна посета на седиштето на полицијата на Елинската Република во Атина, при што беше остварена работна средба со неговиот колега, полицискиот генерал-полковник Константинос Скумас, соопштуваат од Министерството за внатрешни работи.

Оттаму истакнуваат дека посетата од двете страни беше оценета како значен момент по кој се очекува интензивирање на соработката помеѓу полициите, што ќе придонесе за зајакнување на безбедноста како на нашите соседни земји, така и на регионот.

„Делегацијата од МВР, во чиј состав беа и помошник директорот на Одделот за униформирана полиција Шефик Бајрами и помошник директорот на Одделот за гранични работи и миграции Сашо Смилески, беше пречекана со високи почести од страна на домаќинот, полицискиот генерал-полковник Скумас, а на средбата двете делегации разговараа за проблемите со кои се соочуваат полициските служби, како и можностите за унапредување на меѓусебната соработка, со особен осврт на борбата против организираниот криминал, меѓународните потерници, прекуграничната соработка и сите видови на криминал кои преставуваат закана за двете земји.

На крајот од средбата двајцата директори беа со заеднички став дека силно ја подржуваат соработката помеѓу полициите на двете држави и дека оваа практика на меѓусебни средби за унапредување на соработката ќе продолжи и во иднина, како голем чекор напред кон обезбедување на безбедноста во државите и ќе биде основа за зајакната соработка во борбата против сите видови на криминал.“, наведуваат од МВР

Share This Article
Exit mobile version