Лепенките со „НМК“ за промена на регистарските ознаки ќе бидат бесплатни за граѓаните

By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Лепенките со „НМК“ за промена на регистарските ознаки ќе бидат бесплатни за граѓаните.

Министерството за внатрешни работи (МВР) од својот буџет ќе одвои пари за нив, за и оваа обврска меѓу другите, да не падне врз грбот на граѓаните.

„Согласно Рамковната спогодба за набавка на регистарски таблици, склучен е договор за нарачка со избраниот економски оператор, за што течат законските рокови за испорака на налепниците. Во однос на цената за налепниците, од страна на Министерството за внатрешни работи изготвен е предлог истите да бидат на товар на Министерството односно да бидат бесплатни за граѓаните“, информираше МВР.

Но, на десетина дена пред истекување на крајниот рок за промена на личните документи, налепниците сѐ уште не се стигнати, а ниту дистрибуирани до техничките станици.

Нема да има казни за оние кои нема да успеат навреме да ги променат своите регистарски ознаки, но нема да може ниту да ја напуштат државата.

Никој по 12 февруари нема да може да ја напушти Македонија ниту со стар пасош, ниту со стара лична карта, ниту со возачка на која не пишува „Северна“.

Налепниците ќе се делат во станиците за технички преглед, при регистрација или возачот сам ќе може да ги подигне.

Share This Article
Exit mobile version