Започна Рамазан, светиот месец на постот во исламот

By Saso 3 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
Muslim worshippers perform evening prayers called "Tarawih" during the eve of the first night of the holy fasting month of Ramadan, at Al Azhar mosque in the old Islamic area of Cairo, Egypt March 22, 2023. REUTERS/Mohamed Abd El Ghany

Рамазан, светиот месец на постот во исламот, започна во средата навечер, поради што муслиманите ќе се воздржуваат од јадење и пиење од изгрејсонце до зајдисонце во следните 30 дена.Верниците, за кои целта на едномесечниот пост е да се приближат до Бога, ќе се молат во одредено време, ќе го читаат Куранот и ќе донираат средства во добротворни цели, а членовите на семејството и пријателите ќе се соберат на ноќни веселби.

Многу муслимани нема да можат лесно да си дозволат празнични почести оваа година поради скоковите на цените делумно поттикнати од руската војна во Украина. Иран, Египет и Либан беа погодени од економска криза која ги ослабна нивните валути и ги поскапи производите.

Овогодинешниот Рамазан ќе биде засенет и од страдањата на населението во Турција и Сирија, каде минатиот месец во земјотресот загинаа повеќе од 52.000 луѓе, како и во конфликтните зони низ муслиманскиот свет, иако има охрабрувачки знаци за можно помирување во некои места.

Во сиромашниот Појас Газа, кој е под израелска блокада откако палестинските екстремисти на Хамас ја презедоа власта во 2007 година, жителите се борат со високите цени и стравуваат од нова војна по зголеменото израелско-палестинско насилство во последните месеци.

Повеќе од 1,8 милијарди муслимани, кои сочинуваат околу една четвртина од светската популација, се очекува да го прослават Рамазан. Исламот го следи лунарниот календар, така што Рамазан секоја година започнува недела и пол порано.

Муслиманите веруваат дека Бог почнал да му го „открива“ Куранот на пророкот Мухамед за време на Рамазан пред повеќе од 1.400 години.

Постот е еден од петте столбови на исламот и е задолжителен за сите муслимани, иако има исклучоци за малите деца и болните и за жените кои се бремени, дојат или имаат менструација. Патниците се исто така ослободени, вклучително и спортистите кои учествуваат на турнири надвор од нивниот град.

Оние кои постат мора да се воздржуваат од јадење, пиење, пушење и сексуални односи од изгрејсонце до зајдисонце. Во текот на целиот свет месец треба да се воздржуваат од пцовки, тепачки и озборувања.

Share This Article
Exit mobile version