Прифатена жалбата на Боки 13, Фросина Ременски ослободена

By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Укината е пресудата за „Меѓународен сојуз“, каде обвинет и осуден беше Бојан Јовановски-Боки 13. Предметот ќе биде вратен на повторно судење пред првостепениот суд.

Апелација одлучи да ја потврди ослободителната пресуда за експратеничката и потпретседател на СДСМ, Фросина Ташевска-Ременски.

Ваквата одлука доаѓа поради суштествени повреди, а по жалбите кои беа поднесени од обвинетите, пренесе порталот Скопје1.

„Апелациониот суд Скопје во интерес на јавноста и медиумите информира дека постапувајќи по кривичниот предмет познат како ‘Меѓународен сојуз’, по одржана јавна седница и разгледување на списите во предметот, пресудата, изјавените жалби, предлогот на Вишото јавно обвинителство Скопје, како и усмените наводи изнесени на јавната седница, на 24.01.2024 година, а по извршено советување и гласање на ден 02.02.2024 година, донесе пресуда со којаделумно ги уважи жалбите на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција Скопје и на обвинетиот М.J. на начин што пресудата на Основниот кривичен суд Скопје КОК.бр.49/20 од 07.04.2022 година:

– ја потврди во ослободителниот дел по однос на обвинетите Ф.Т.Р. и Х.Б. двете од С. за кривично дело Измама од член 247 став 4 в.в со став 1 и в.в. со член 24 од Кривичниот законик и

– ја преиначи во осудителниот дел – делот на одлуката за кривичната санкција по однос на обвинетиот М.Ј. од С., за кривично дело Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи од член 396 став 1 од Кривичниот законик со што обвинетиот М.Ј. од С. се осудува на казна затвор во траење од една година“, вели Апелација.

Претходно, Боки 13 пред Апелација укажа дека бара фер судење, а не милост.

Share This Article
Exit mobile version