Предвремените избори во Франција се одразуваат и на Европскиот парламент

By Lorita 4 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Слабите резултати на европските избори на француската центристичка коалиција предводена од партијата Ренесанса (РЕ) на претседателот Емануел Макрон, покрај тоа што ќе доведат до предвремени избори во Франција, најверојатно ќе доведат и до губење на лидерската позиција на Французите во либералната група во Европскиот парламент, „Да ја обновиме Европа“.

Француската делегација во рамките на групата од досегашните 23 пратеници сега е сведена на 13, од кои само 10 се од редовите на Ренесансата.

Групата „Да ја обновиме Европа“ ја сочинуваат либералната Алијанса на либералите и демократите во Европа (АЛДЕ), центристичката Европска демократска партија (ЕДП) и неколку либерални и центристички партии што не се дел од некоја од европските партии, меѓу кои е Ренесансата.

Како најбројна национална делегација во рамките на групата, Французите ја дадоа сѐ уште актуелната претседателка на „Да ја обновиме Европа“, Валери Ајер, но новиот сооднос на силите во рамки на групацијата веројатно ќе резултира со нејзина смена.

Ренесансата раководи со групата од 2021 година, прво преку Стефан Сежурне, а по неговиот избор за француски министер за надворешни работи, лидерската позиција во јануари годинава ја презеде Ајер.

Сега се проценува дека АЛДЕ ќе сака да ја искористи ослабената позиција на Ренесансата за да го преземе раководењето со либералната група. Дополнително, пратениците на АЛДЕ ќе сочинуваат убедливо мнозинството во групата „Да ја обновиме Европа“ и затоа очекуваат да ги добијат лидерски позиции.

Во игра се веќе и неколку имиња за можни наследници Ајер, меѓу кои како најсериозни кандидати се сметаат поранешните премиери на Белгија и на Чешка, Софи Вилмес од валонското Реформско движење (МР) и Лудовит Одор, кој не е член на ниедна партија.

Покрај ослабените позиции на нејзината партија, врз очекуваната смена на Ајер влијание може да има зголемениот антагонизам меѓу неа и дел од членките на АЛДЕ, поради нејзиното инсистирање за исклучување на холандската Народна партија за слобода и демократија (ВВД) од либералната група поради одлуката да учествува во влада со екстремната десница.

– Ќе имаме неформални разговори за оваа конкретна ситуација оваа недела – најави вчера Ајер.

- Advertisement -

Таа нагласи дека нејзината улога како претседател на групата е да „овозможи размена на мислења и да донесе разбирливи одлуки“. Ајер претходно тврдеше дека опцијата за останување на ВВД во групата е неприфатлива бидејќи партијата не ги почитува нејзините вредности со тоа што коалицира со екстремната десница.

Сепак, според извори од групата, ова прашање нема да се најде на неформалното заседание на членките на „Да ја обновиме Европа“ предвидено за денеска.

Либерален европратеник, кој побарал анонимност, за „Еуроактив“ тврди дека предлогот на Ајер за исклучување на ВВД не го поддржуваат сите членки на групата.

- Advertisement -

Поддршка за останување на ВВД во групата изрази шпиценкандидатката на АЛДЕ, германската европратеничка Мари-Агнес Штрак-Цимерман, како и либерални европратеници од Чешка и од Данска.

Прашањето за евентуално исклучување на ВВД ќе биде една од темите на конференцијата на АЛДЕ во Вилнус закажана за 21 и 22 јуни. Крајниот рок до кога либералната група треба да го избере новото раководство е 26 јуни.

Share This Article
Exit mobile version