Познато е од што починал Видое Ристовиќ

By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Еден месец по смртта на историчарот на уметност Видоeе Ристовиќ, резултатите од обдукцијата покажаа од што тој починал во текот на масажата.

Српските медиуми ги објавија резултатите од обдукцијата на Видое Ристовиќ, сопругот на хрватската водителка Никола Пишек Ристовиќ, кој ненадејно почина на 8 мај во Белград.

Според српски „Курир“, утврдено е дека смртта на Ристовиќ настапила во 00:22 часот поради воспаление на срцевиот мускул, најверојатно од вирусно потекло.

Со токсиколошката анализа е утврдено дека Ристовиќ бил алкохолизиран и имал 2,83 промили во крвта. Консумирал и седативи, но во количини кои не биле доволни сами да предизвикаат смрт.

Со анализите не е утврдено присуство на опојни дроги или други недозволени психоактивни супстанции (кокаин, хероин, амфетамини, МДМА и други). Комисиското вештачење го извршиле тројца вештаци, доктори по судска медицина, пишуваат српските медиуми.

Вдовицата Николина Пишек Ристовиќ не сакака да ги коментира резултатите од обдукцијата, а претходно јасно кажа дека не сака јавно да ја коментира смртта на својот сопруг. Таа во долга објава на Инстаграм се прости од својот сакан Видоее, неколку дена откако тој почина, а потоа изјави дека најтешко ѝ било што нејзината ќерка останала без татко.

Share This Article
Exit mobile version