Гвардиола го нарече тенисерот Рафаел Надал најдобар шпански спортист во историјата

By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Легендарниот шпански фудбалски тренер Пеп Гвардиола го нарече тенисерот Рафаел Надал најдобар шпански спортист во историјата.

Надал во неделата во финалето го совлада Норвежанецот Каспер Руд со 3-0 во сетови и со тоа ја освои својата 14. титула на Ролан Гарос, а вкупно 22-та на грен – слем турнирите.

– Без сомнение, нема расправа дека Рафа е најдобриот. Тешко е да се споредува индивидуален и екипен спорт. Шпанија имаше многу големи спортисти, но никој друг толку долговечен и конзистентен – изјави Гвардиола за шпанските новинари.

– Кариерата на Надал е тешко да се опише, тој едноставно не запира. Доколку ги надмине проблемите со стапалото верувам дека ќе продолжи да освојува трофеи – додаде тренерот на Манчестер сити.

Share This Article
Exit mobile version