Почна лидерската средба меѓу лидерите на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, Мицкоски и Ковачевски

By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Почна лидерската средба меѓу лидерите на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, Христијан Мицкоски и Димитар Ковачевски, закажана за денеска во Клубот на пратеници.

На средбата ќе се разговара за иднината на земјата во контекст на евроинтеграциите условени со уставни измени и вклучување на Бугарите во Преамбулата. Ковачевски повика опозициската партија да поддржи уставни измени, додека ВМРО-ДПМНЕ го повтори ставот дека уставни измени под бугарски диктат нема да има.

Според владиното соопштение од понеделникот, на средбата Ковачевски-Мицкоски ќе се разговара пред сѐ за одлуките кои треба да се донесат во Собранието со цел продолжување на европската интеграција на земјата, како и за пристапот на државата, институциите и сите политички чинители во насока на градење и одржување на добрососедски односи со сите наши соседи.

Од ВМРО-ДПМНЕ, пак, исто така во понеделникот соопштија дека ставот на партијата е оти уставни измени нема да има, и ова Собрание нема легитимитет за таков чекор.

– Очекуваме Ковачевски да излезе од стегите и заложништвото на ДУИ и да прифати да разговара за периодот што по фактот дека уставните измени нема да го имаат потребното мнозинство – посочија од ВМРО-ДПМНЕ.

Share This Article
Exit mobile version