Петрушевски од ВМРО-ДПМНЕ го впери прстот кон претходната влада

By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

На денешна Комисија за финансии и буџет на амандманската расправа за Предлог-буџетот за 2025, реплика даде и пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски. Петрушевски изрази доза скептицизам кон амандманите, укажувајќи дека кога ваков предлог доаѓа од поранешен носител на функцијата вицепремиер за економски прашања.

– Ако овој амандман беше предложен од лице кое не било вицепремиер за економски прашања, тогаш неговите намери и аргументи ќе беа искрени и реални. Колку домашни компании досега имаа можност да воведат нови технолошки решенија и да ја зголемат својата конкурентност на пазарот? – кажа Петрушевски.

Петрушевски додаде, дека ова е клучен фактор за одржлив економски раст, а уште повеќе се истакнува бидејќи таквата практика не е новитет, туку функционира веќе со децении во Македонија.

– И мене ме интересира, заради кредибилитетот на поднесувачите на овој амандман, да добијам одговор: Кои беа ефектите од средствата кои досега како држава ги инвестираме, а кои се буџетски средства на граѓаните на Република Македонија? Обврзани сме за нивно рационално трошење – изјави Петрушевски.
Петрушевски се осврна и на контролата на средствата кои се насочуваат кон Фондот за иновации и технолошки развој.

– Неизбежно е да се постави прашањето како поранешниот вицепремиер за економски прашања дозволил да нема соодветен начин на контрола врз трошењето на тие средства, за да дојдеме до ситуација, според ревизорски извештај, преку 60, не шест, туку преку 60 проекти или 3,2 милиони евра буџетски средства да завршат на фиктивни и непостоечки проекти – истакна Петрушевски.

Петрушевски потсети дека задачата на вицепремиерот за економски прашања не е само да организира прес-конференции и да се фали колку средства се обезбедени, туку да обезбеди контролирање на нивното трошење и следење на ефектите од тие инвестиции.

– Колку домашни компании имале можност да воведат нови технолошки решенија? Затоа што е клучен фактор за економскиот раст. А сите знаеме колкав беше економскиот раст во изминатиот период – заклучи Петрушевски.

Share This Article
Exit mobile version