Денеска инспекторите казнувале во Тетово и во Гостивар

By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

На 19.11.2024 во периодот од 11.00 до 15.00 часот, полициски службеници од СВР Тетово и ОВР Гостивар, во содејство со инспектори од сообраќај при општините Тетово и Гостивар, извршиле акциска контрола за санкционирање на возачите кои вршат јавен превоз на патници без поседување на соодветна документација.

Притоа, на улица „Илинденска” во Тетово било сопрено патничко возило „форд транзит” со тетовски регистарски ознаки, управувано од И.И.(58) од с.Голема Речица, во 12.15 часот било сопрено патничко возило „ауди а4″ со тетовски регистарски ознаки, управувано од Н.С.(55) од с.Камењане и во 12.45 часот било сопрено патничко возило „киа пиканто” со тетовски регистарски ознаки, управувано од С.Л.(58) од с. Доброште.
Додека, во Гостивар во 11.45 часот на улица „Живко Брајковски” било сопрено патничко возило „опел мерива” со гостиварски регистарски ознаки, управувано од С.Н.(51) од Гостивар, во 11.55 часот на истата улица било сопрено патничко возило „фолксваген голф” со гостиварски регистарски ознаки, управувано од И.Т.(58) од Гостивар, на улица „Илинденска” во 12.30 часот било сопрено патничко возило „фолксваген поло” со гостиварски регистарски ознаки, управувано од Х.А.(60) од с.Добридол, во 13.10 часот на улица „ЈНА” било сопрено патничко возило „мерцедес” со гостиварски регистарски таблички, управувано од А.Р.(56) од с.Речане, гостиварско и во 13.40 часот на улица „ЈНА” било затекнато патничко возило „форд транзит” со гостиварски регистарски таблички, управувано од С.Џ.(71) од с.Речане, гостиварско.

Кај сите нив е констатирано дека вршат јавен превоз на патници без да поседуваат соодветна документација и по целосно документирање на случаите ќе следуваат соодветни поднесоци.

Share This Article
Exit mobile version