Песната „Отрове“ која Северина ја испеа во соработка со ЈалА Брат достигна 100 милиони прегледи на Јутјуб

By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Песната „Отрове“ која Северина ја испеа во соработка со ЈалА Брат достигна 100 милиони прегледи на Јутјуб.

Со тоа достигнување на Инстаграм се пофалија и текстописецот и пејачката.

„Скромни 100 милиони“, напиша Јала Брат во објавата која ја сподели и Северина.

Песната „Отрове“беше објавена во март 2017 година како втор сингл од нејзиниот албум „Хало“, кој беше објавен две години подоцна. Јала Брат ја напиша песната за Северина.

 

„Кога ја слушнав песната „Отрове“, слушнав поет, слушнав натпросечен талент, кој не е ни свесен за тоа. И тоа е она што му дава шарм и зошто луѓето го сакаат. Ти благодарам, Јала Брат, летај понатаму во височините…“, изјавила тогаш Северина.

„Песната е напишана во доцните часови и е направена само за Северина. Искрена е и има јасна порака во која ќе се најдат сите оние кои барем еднаш биле отруени од љубов“, додал Јала Брат.

Спотот во режија на Петар Пашиќ е снимен на повеќе локации во Белград, меѓу кои и Синиот воз, попознат како Титовиот воз.

ФОТО: Јутјуб

- Advertisement -
Share This Article
Exit mobile version