Нова тужба против актерот Алек Болдвин

By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Холивудскиот актер Алек Болдвин се соочува со нова тужба од семејството на снимателката Халина Хачинс, која беше убиена кога актерот несвесно испукал вистински куршум од пиштол со кој што вежбал за време на снимањето на филмот „Рѓа“ во Ново Мексико, пренесува „Скај њуз“.

Украинските родители и сестрата на Халина Хачинс поднесоа граѓанска тужба против Алек Болдвин и други поради смртта на снимателката на снимањето на вестернот.

Семејството на снимателката, меѓу другото, го обвинува холивудскиот актер за предизвикување душевна болка и невнимание.

Во тужбата е вклучена и филмската продуцентска куќа „Рѓа“. Треба да се нагласи дека се работи за граѓанска, односно приватна тужба, каде обвинетиот не може да се казни со затвор, туку само со исплата на надомест.

На Болдвин му се заканува и кривично судење. Тој треба да се појави пред американскиот суд на 24 февруари. Како и оружарката на сетот, Хана Гутиерез Рид, тој е обвинет за убиство од небрежност. Ним им се заканува затворска казна до пет години.

Американската обвинителка Глорија Алред, која ќе ги застапува роднините на Халина Хачинс, денеска ја објави новата тужба на прес-конференција.

„Јасно ни е дека животот на сите мои клиенти е нарушен и тие нема да можат да живеат на ист начин како кога нивната скапоцена Халина беше жива. Халина беше светлината на нивните животи“, рече Алред.

Share This Article
Exit mobile version