Не се плашам да се соочам со Трамп: Порно звездата вели дека веќе го видела гол

By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

„Доналд Трамп веќе не е недопирлив“, изјави синоќа порно ѕвездата Сторми Даниелс во своето прво интервју откако големата порота на Менхетен покрена обвинение против поранешниот американски претседател.

Даниелс за „Тајмс од Лондон“ изјави дека забележала дека луѓето реагираат поинаку на обвинението отколку пред неколку години, кога беа објавени првите извештаи во печатот за нејзината сексуална средба со Трамп.

„На почетокот тоа беше како „спонзор, курва, лажга“… такви работи“, рече Даниелс. „А овој пат е „ќе те убијам“, рече таа.

Големата порота го изгласа обвинението против Трамп по неколку месеци сослушување на доказите за исплата на 130.000 долари на Сторми Даниелс во последните денови од кампањата во 2016 година.

Можеби ќе ве интересира

Парите биле наменети да го купат нејзиниот молк за сексуалната врска за која вели дека ја имале години пред тоа.

Трамп го негираше тврдењето на Даниелс, а неговиот адвокат ја обвини оваа жена, чие вистинско име е Стефани Клифорд, за изнуда.

Таа вели дека не се плаши од идејата да се соочи со Трамп на суд бидејќи го видела гол и „нема шанси да биде пострашен со облеката на себе“. Но, таа ја чувствува сериозноста на ситуацијата и можната опасност.

– Каков и да е исходот, ќе има насилство, ќе има и повредени и смртни случаи – рече Даниелс.

Share This Article
Exit mobile version