Папата утре ќе одржи миса за Цветници

By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Папата Франциск денеска ја напушти болницата Гемели во Рим, каде неколку дена беше лекуван од инфективен бронхитис.

-Сè уште сум жив“, се пошегува папата (86) на излегување од болницата.

Ватикан вчера потврди дека папата Франциск ќе ја напушти болницата денеска и дека утре планира да ја предводи мисата за верскиот празник Цветници, на плоштадот Свети Петар.

Светиот Отец пред три дена беше примен во римската болница каде прими антибиотска терапија.

Папата, кој има повеќе здравствени проблеми, беше примен во болница поради проблеми со дишењето.

Share This Article
Exit mobile version