Науката тврди дека после оваа година следат најмногу разводи

By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Тим од Универзитетот во Берн во Швајцарија проучувал 165.000 возрасни лица во Велика Британија и во 15 други земји, кои биле прашани колку се задоволни од нивната врска. Научниците откриле дека паровите се помалку задоволни од нивната врска по 10 години брак. Д-р Јанина Булер, една од авторите на студијата, вели:

– За време на врската, паровите разговараат меѓу себе помалку ефикасно. Тие исто така покажуваат помала наклонетост и сексуална возбуда еден кон друг. Тоа со текот на времето ги прави партнерите помалку задоволни, па многумина ќе се разделат.

Сепак, има надеж, бидејќи ако парот сфати дека има проблем во комуникацијата и во интимната сфера, може да работи на подобрување на врската. Научниците изјавиле дека задоволството во врската почнува повторно да расте пред дваесетгодишнината.

Тимот од Швајцарија, кој работел на студијата, соопштил дека подигањето на свеста на луѓето дека е нормално да се доживее пад на задоволството во врската помага да се „спротистават на нереалните очекувања“.

Share This Article
Leave a Comment

Leave a Reply Cancel reply

Exit mobile version