Најголемо намалување има во извозните сектори

By Lorita 3 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Пад на индустриското производство од 6,5% во јуни, бележи  Државниот завод за статистика.

Гледано по сектори, индустриското производство во секторот рударство и вадење на камен во јуни годинава во однос на ланскиот јуни  бележи опаѓање од 9,5 %, во секторот  преработувачка индустрија бележи опаѓање од 4,2 %, а во секторот снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација опаѓање од 16,7 %.

Намалувањето на производството има во 10 индустриски сектори во рамки на преработувачката индустрија кои се главно извозници.

Најдрастично намалување на производството има во секторот производство на тутунски производи од 43%, додека најголем раст на производството од 20,6% има во секторот печатење и продукција на снимени
медиуми (записи).

Компании кои произведуваат текстил на годишно ниво го намалиле производството за 9,8%, а оние кои произведуваат облека за 19,8%. Намалено производство имаат и компаниите кои произведуваат хартија и производи од хартија, производство на хемикалии и хемиски производи. Интересно е и тоа што е  намалено производство  и во секторот производство на основни фармацевтски производи и фармацевтски препарати каде што намалувањето е за 15,3%, потоа во секторот  производство на метали, производство на фабрикувани метални производи, освен машини и опрема за 35,1%, но и во секторот за  производство на моторни возила, приколки и полуприколки  за 3,6%. Помало производство има и во секторот поправка и инсталирање на машини и опрема како и во секторот кој произведува компјутерски, електронски и оптички производи за 37,2%.

Во преработувачката индустрија раст има само во секторот за производство на мебел, потоа во производството на пијалаци и во производството на гуми.

Според главните индустриски групи, производството во јуни 2024 година, во однос на јуни 2023 година, бележи опаѓање кај Енергија за 13,7 %, Капитални производи за 11,0 % и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 7,1 %, бележи пораст кај Трајни производи за широка потрошувачка за 13.6 %, додека кај Интермедијарни производи, освен енергија е на исто ниво.

Индустриското производство во периодот јануари – јуни 2024 година, во однос на периодот јануари – јуни  2023 година бележи пад од 5,1%.

Share This Article
Exit mobile version