Министерот за здравство има план како да се средат гужвата и недостигот на специјалисти

By Lorita 3 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Правиме напори да се скрати времето на чекање преку „Мој термин“ за пациентите да добијат подобри здравствени услуги, вели министерот за здравство, Фатмир Меџити во интервју за Гласот на Америка на македонски, во кое тој отворено говори за проблемите во здравствениот систем.

– Здравството е во многу тешка кондиција и во многу тешка состојба. „Мој термин“ е добра работа, ние веќе го ажурираме „Мој термин“ со термините кај докторите и ќе направиме дисперзирање на кадар низ цела Македонија за полесно пациентите да добијат подобра услуга – вели Меџити.

Министерот смета дека во земјава има доволно кадар, но дека има лошо менаџирање во здравствените институции.

– Немало јасна визија и стратегија за тоа какви специјализанти се потребни, на пример во регионалните болници, каде не навеле какви специјализанти им се потребни за денес да немаат дефицит на кадар. Но, ние во овој поглед, сега, не можеме да кажеме дека ова ќе биде долгорочна стратегија, туку засега ќе биде краткорочна, за дисперзирање кадар од Клиничкиот центар во одредени здравствени институции низ државата, со цел да ги обучуваат нашите кадри. Ако има интернист за ехо на абдомен, да оди од Клинички центар, каде има доволно доктори и здравствени работници, за да може да се намали бројот на пациенти. Познато е дека годишно околу 500.000 пациенти гравитираат во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ – вели Меџити.

Тој вели дека секогаш ќе биде на страната на здравствените работници, бидејќи доаѓа од медицинската фела.

На прашањето што е негов приоритет во кусиот мандат, министерот Меџити вели:

– Тоа што најмногу ме боли е позитивната листа на лекови, која не е ажурирана 10 години. Оформивме комисија, имаше законски измени за здравствена заштита и веќе сè е спремно и компаниите од областа на фармацијата да аплицираат за да може да ја ажурираме таа позитивна листа, со цел пациентите да добијат ефикасна и ефективна терапија.

Во однос на одливот на мозоци и здравствени работници министерот вели дека имаат преземено мерки и стратегија како да се борат против ова.

– Студентите по медицина кога ќе бидат на шестата година од студиите, како и фармацевтите и стоматолозите, знаеме кој од кој град доаѓа и каде утре ќе работи и понатаму ќе се надградува со специјализација – вели тој.

- Advertisement -
Share This Article
Exit mobile version