Министерот за локална самоуправа Горан Милевски утре ќе поднесе оставка до Владата

By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Министерот за локална самоуправа Горан Милевски утре ќе поднесе оставка до Владата. Милевски, како што изјави за МИА, се повлекува од министерската функција поради лични причини.

Според Милевски, до крајот на неделата се очекува неговата партија, Либерално-демократската партија (ЛДП) да предложи нов кандидат за министер.

– Се искучува можноста тоа да биде некој од пратениците – изјави Милевски за МИА.

Горан Милевски e член на Либерално-демократската партија од 1995 година. Од 2015 година ја извршува функцијата претседател на ЛДП. За министер за локална самоуправа е избран на 27 јуни 2019 година.

Share This Article
Exit mobile version