More

    Меркел за фризура и козметика троши 55.000 евра годишно

    spot_img

    Германската влада потрошила речиси 55.000 евра за козметика и фризура на поранешната канцеларка Ангела Меркел (ЦДУ) откако таа ја напушти функцијата на крајот на 2021 година, објави Федералната канцеларија на барање на весникот „Тагес Шпигел“. Како што е соопштено, Меркел вработува жена која работи кај неа како фризер, шминкер и моден дизајнер.

    Трошоците за овие услуги изнесуваат 37.780 евра за изминатата година, а во 2023 година Владата за оваа намена досега требаше да издвои 17.200 евра. Тоа значи дека за убавиот изглед на поранешниот шеф на владата се плаќа по околу 3.000 евра месечно. Тука спаѓаат патните трошоци и сместувањето во хотел за стилистот кој ја придружува Меркел на состаноците, пренесува германскиот весник.

    Федералната канцеларија првично одби да даде информации за висината на трошоците, наведувајќи ги личните права, како и деловните тајни. Здружението на даночни обврзници остро ги критикуваше зголемените трошоци за јавни настапи на државниот врв, тврдејќи дека тие се несоодветни.

    Остра критика до Здружението на даночни обврзници

    – Тешко е да им се објасни на даночните обврзници дека треба да плаќаат и за шминкери и фризери на политичарите. Трошоците за ова би морале да се сведат на минимум, па дури и да се платат од приватни фондови – изјави претседателот на тоа здружение Рајнер Холзнагел.

    Сепак, германската влада нема намера да го ограничи финансирањето на „стајлингот“ на Меркел за јавни настапи. Преземањето на трошоците е поврзано со извршувањето на тековните службени должности без разлика дали се јавни или нејавни, нагласуваат од Сојузната служба.

    Според владините податоци, членовите на кабинетот на актуелниот канцелар Олаф Шолц платиле 21.808 евра за услуги за коса и шминка оваа година, наспроти 39.910 евра во минатата година. За „разубавување“ на министерката за надворешни работи, Аналена Бурбок, државата издвојува 7.500 евра, додека трошоците за услугите на шминкер и фризер за Шолц изнесуваат 3.100 евра месечно. Канцеларијата на тој начин достигнува годишни трошоци од околу 62.000 евра за стајлингот на политичарите и тоа во време на инфлација.

    Како што пишува германскиот весник, Ангела Меркел како поранешна канцеларка има канцеларија со девет постојани работни места, меѓу кои и службен автомобил од Федералната служба за криминалистичка полиција, како дел од нејзините постојани службени должности. Само персоналот чини неколку стотици илјади евра годишно, плус патни трошоци.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img