More

    Масакрот што го изврши Вук Бориловиќ премногу дури и за искусните професионалци

    spot_img

    Страшните сцени на невино убиени деца и други жртви во населбата Медовина во Цетиње не ги оставија рамнодушни ниту полицијата и истражителите, кои ја водеа истрагата за злосторството што го изврши Вук Бориловиќ (34), кој вооружен со полуавтоматска пушка по улица сееше смрт.

    Ниту инспекторите со децениско искуство не можеле да ги задржат солзите, поради што истрагата траеше многу подолго од вообичаеното. Тоа што го виделе, велат, нема да можат да го заборават додека се живи.

    – Ова се сцени кои не можат да остават никого рамнодушен – рече еден од истражителите.

    Масовниот убиец од Цетиње ја полнел пушката четири пати. Според првичниот увид тој нишанел во главите на жртвите и повеќето ги погодил. Вишото обвинителство во Подгорица сè уште не ги добиле наодите од обдукцијата на жртвите, ниту пак има податок за тоа колку точно истрели испукал убиецот. Овој податок ќе даде одговор на прашањетоколку куршуми биле потребни да се запре убиецот. Досега протекоа информации дека пет куршуми завршиле во неговото тело, но не се знае од колку оружја се испукани. Во него пукале и полицајците, но и граѓанинот Ненад Калуѓеровиќ од Цетиње

    Доброупатени соговорници на српски „Новости“ сметаат дека Бориловиќ за да го изврши тој злостор со полуавтоматска пушка во која има пет куршуми, морал барем четири пати да ја полни пушката, со оглед на големиот број жртви – десет убиени, и шест ранети.

    – Станува збор за полуавтоматско оружје од италијанско производство, каде што зрното експлодира при пукање, па и еден истрел е доволен да убие човек – објаснува соговорник на медиумот.
    Природата на убиството ја анализираат и експерти за безбедност и социјална психологија.

    – Настанот во Цетиње има елементи на масовно убиство и убиствена треска, што значи дека се убиени повеќе луѓе без период на емоционално разладување меѓу злосторствата. Може да се класифицира во категоријата неорганизирани убијци, што значи дека најверојатно во заднината има некое ментално растројство, како психоза, зависност – вели Љубица Чуровиќ, социјален работник од Белград.

    Таа напоменува дека класичен извршител на овој вид убиство е личност која имала повеќе проблеми во животот и за која доаѓа моментот кога „последната капка“ и таа го истура својот гнев врз луѓето кои можеби се или воопшто не се поврзани со неговите проблеми.

    – Ваквите убиства најчесто се случуваат спонтано, од емоции. Ваквите луѓе тешко се вклопуваат во општеството и нивното нарушување обично е резултат на разни настани во детството и растењето, што одговара на сликата што ја даваат соседите, дека тој секогаш бил чуден и дека брат му се самоубил како млад- рече Чуровиќ.

    Таа вели дека се уште немаат целосна слика за психичката состојба на Бориловиќ, но според досегашните информации може да се претпостави за што се работи.

    – Она што треба да се обрне посебно внимание во овој случај е ризикот од крвна одмазда, поради што семејството на Вук Бориловиќ е однесено на безбедно место. Слободно може да се каже дека освен директните жртви на ова злосторство, и нивните семејства кои до крајот на животот ќе ги трпат последиците од овој немил настан, и семејството на Вук во моментов минува низ одреден тип секундарна виктимизација – објаснува соговорникот.

    Семејството на Бориловиќ е отселено од средината каде што живеело досега, што секако предизвикува огромен стрес кај децата, бидејќи тие имаат послаб капацитет да се справат со трауми од ваков вид, а дополнително слушаат негативни работи за нивниот татко секој ден бидејќи во моментов тоа е главна тема во Црна Гора – вели соговорничката на „Новости“.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img