Конфликт со Русија ќе значи трета Светска војна – На Американците им е лесно да се откажат од руската нафта

By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Неопходно е да и се помогне на Украина, но и да се избегне ескалација и влегување во војна со Русија, бидејќи во тој случај би започнала трета светска војна, изјави денеска шефот на европската дипломатија, Жозеп Борел.

– Едно е јасно. Потребно е да и се помогне на Украина колку е можно повеќе, но и да се избегне ескалација на војната. Треба да спречиме војната да се прошири во други земји и да војуваме со Русија. Тоа би била трета светска војна – истакна Борел во интервју за француското радио Франс Инфо.
Запрашан за можноста за европско ембарго на рускиот гас и нафта, како што одлучија САД, тој оцени дека на Унијата ќе и биде многу потешко да направи таков избор.

– Ние увезуваме многу од тоа. Тоа не е премногу тешко за САД, бидејќи тие речиси и не трошат руска нафта – нагласи Борел.

Share This Article
Exit mobile version