Колективното казнување е воено злосторство

By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Колективното казнување е воено злосторство посочуваат од Канцеларијата за човекови права на Обединетите нации која го обвини Израел дека извршил воени злосторства со опсадата и блокадата на Појасот Газа.

– Колективното казнување е воено злосторство. Колективното казнување од страна на Израел на целото население во Газа мора веднаш да престане – рече портпаролката Равина Шамдасани денеска во Женева.

Според Агенцијата на ОН, и палестинската исламистичка милитантна група Хамас извршила воени злосторства и ѕверства, вклучително и киднапирањето цивили од Израел за време на смртоносните напади на 7 октомври. Шамдасани побара од палестинските групи да ги прекинат „неселективните напади“ врз Израел.

Се верува дека повеќе од 200 луѓе, од кои многу цивили, се заробени од Хамас во Газа.

Израел објави „целосна опсада“ на Газа, прекинувајќи го снабдувањето со вода, храна, струја и гориво.

– Се случува хуманитарна катастрофа за 2,2 милиони луѓе затворени во Газа кои се колективно казнети – рече Шамдасани.

Share This Article
Exit mobile version